Одделение за радијациона заштита
ДЕЈНОСТ
* Автоматски мониторинг на дозата на јонизирачко зрачење во воздухот;
* Мониторинг на содржината на радиоактивните елементи во животната
средина;
* Персонална дозиметрија на лицата кои се работно изложени на јонизирачко зрачење;
* Калибрација на инструментите за детекција на јонизирачко
зрачење ;
* Контрола на квалитет на рентген апаратите во медицинската дијагностика
* Амбиентални мерења - Проценка на ризик на изложеност на работни и околни места
* Обука за радијациона заштита и сигурност
* Дозиметриски мерења на гранични премини
на метални суровини, метали и друга роба од увоз.
ПОТВРДЕНА КОМПЕТЕНЦИЈА
Имплементиран систем за квалитет - MKC EN ISO 17025:2017 ,
Април 2006 г. во состав на SSDL- меѓународна мрежа на дозиметриски лаборатории на СЗО и МААЕ-Виена
Февруари 2011 г. полноправен член на Европската групација на дозиметриски лаборатории – EURADOS
2014 г. - полноправен член на ALMERA . ALMERA мрежата на аналитички лаборатории со техничка компетенција за мерења на радиоактивност во животната средина, e оперирана од МААЕ - Виена.
Реализирани 5 меѓународни проекти финансирани од Меѓународната Агенција за Атомска Енергија (МААЕ) во Виена
Во тек е реализација на Проект со МААЕ - Виена за јакнење на капацитетите на мониторинг на радиоактивноста со воведување на нови мерни техники во Република Северна Македонија.
КОНТАКТи
Адреса: 50 Дивизија 6, Скопје
Тел.: 02 3125044 Fax: 02 3223354
e-mail (дозиметрија): doza@iph.mk
е-mail (калибрација): kalibracijaIJZ@gmail.com
e-mail (radon): radon@iph.mk
e-mail (радиолошки анализи): radioekologija@gmail.com